недела, 7 јули 2024

Пропалестински демонстранти се качија на покривот на австралискиот парламент (ВИДЕО)

Пропалестински демонстранти денеска се качија на покривот на зградата на австралискиот парламент во Канбера и истакнаа транспаренти, од кои на еден пишуваше дека Палестина ќе биде слободна, обвинувајќи го Израел за воени злосторства, покажуваат ТВ снимките.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

На видеото, луѓе облечени во темна облека може да се видат на покривот на една зграда, како истакнуваат црни транспаренти на кои пишува „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, вообичаен слоган на пропалестинските демонстранти.

Еден од демонстрантите го започна говорот користејќи мегафон обвинувајќи ја израелската влада за воени злосторства, обвинение што Израел го негира.

„Нема да заборавиме, нема да простиме и ќе продолжиме да даваме отпор“, рече демонстрантот.

Неколку полицајци и обезбедувачи ги советуваа луѓето да не одат директно под демонстрантите на главниот влез на зградата, но се чини дека немало обид да се отстранат демонстрантите, изјави очевидец за Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ