Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7,4 %, во приградскиот за 10,4 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13,2 %, а во меѓународниот превоз за 2,7 %.
Во третото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8,9 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17,3 %, во приградскиот превоз е намален за 1,3 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7,4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10,8 %.