„Предложивме конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите. Бараме власта веднаш да ги прифати нашите решенија:
Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.
Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.
Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност“, соопшти СДСМ.