петок, 6 декември 2024

Алонсо по дебито за Пелистер: Воодушевен сум од навивачите и горд на ракометарите

Пелистер синоќа одигра нерешено 29-29 со Фредериција во Битола и го освои четвртиот бод во Лигата на шампионите оваа сезона, на клупата на битолскиот тим дебитираше шпанскиот тренер, Раул Алонсо.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер пропушти уште еднаш да ја победи Фредериција, но Алонсо изрази задоволство од играта на своите ракометари.

„За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме за ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лигашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Вепсрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди“, изјави Алонсо.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на гостински терен кај Веспрем на 28 ноември од 20:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ