среда, 11 декември 2024

Уапсен бившиот српски министер за градежништво поради трагедијата во Нови Сад

Поради пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад утрово се уапсени 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу уапсените утрово е и Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, објавија српските медиуми.

Во трагедијата загинаа 15 лица, додека уште две лица што беа тешко повредени сѐ уште се во тешка состојба.

Весиќ на 5 ноември поднесе оставка од функцијата министер за градежништво.

Тој на својот профил на социјалната мрежа Икс порача дека „поднел оставка како одговорен човек што со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија“ што се случи во ресорот со кој раководи.

„Оваа позиција ја напуштам со чиста совест и горд со резултатите што остануваат зад мене, како и со тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните, како и со најдобра верба исклучиво во интерес на Србија“, порача тогаш Весиќ.

Оставки вчера поднесоа и министерот Томислав Момировиќ, кој беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура од 2020 до 2022 година, како и Јелена Танасковиќ, директорка на „Српската железничка инфраструктура“, еден ден откако претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе има уште оставки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ