среда, 11 декември 2024

Украина првпат истрела долгометни британски проектили на цели во Русија (ВИДЕО)

Украина за прв пат употреби ракети со долг дострел „сторм шедоу“, кои ги доби од Велика Британија, за да гаѓа цели во внатрешноста на Русија, објави синоќа Би-би-си, а пренесоа и други британски медиуми.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Британската влада не ги коментираше овие информации, но Министерството за одбрана соопшти дека „постапките на Украина на бојното поле зборуваат сами за себе“.

Ваквиот развој на настаните се случува откако Украина почна да ги користи ракетите со долг дострел АТАКМС што ги доби од САД за гаѓање цели во Русија, а за чие користење неодамна доби дозвола од американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден.

На апликацијата Телеграм се појавија непотврдени фотографии што наводно покажуваат фрагменти од проектил на локација во Курската област.

Обединетото Кралство претходно велеше дека Украина може да ги користи крстосувачките ракети сторм шедоу исклучиво на украинска територија. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара дозвола да ги користи овие ракети за да нападне цели во Русија.

Пред неколку месеци се појави информација дека Британија дала дозвола за користење на сторм шедоу на руска територија, но таа никогаш не беше официјално потврдена.

Се појавија и снимки од беспилотни летала што наводно покажуваат како сторм шедоус удира во команден комплекс во Русија.

Во меѓувреме, Бајден одобри САД да испратат нагазни мини во Украина.

САД го засилија испраќањето воена помош за Украина за да го забави постојаниот напредок на руските сили на бојното поле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ