среда, 11 декември 2024

Најмалку 1.671 Белорусин се уапсени зашто се против војната во Украина, некои се пратени на психијатриско лекување

Стотици луѓе во Белорусија што покажале солидарност со Украина се уапсени како дел од масовната репресија под претседателот Александар Лукашенко, покажува извештај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Центарот за човекови права Вијасна, најмалку 1.671 Белорусин биле уапсени поради антивоени ставови или изразување солидарност со Украина, а најмалку 200 од нив биле осудени на затворски казни од една до 25 години за време на војната.

Покрај апсењата, осудите и затворските казни, во извештајот се наведува дека луѓето биле подложени на тортура, држени во нехумани услови и казнувани со парични казни, додека некои биле принудувани да одат на психијатриско лекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ