понеделник, 8 јули 2024

Полицискиот радар регистрирал 223 брзи возачи

Со радарска контрола на улиците и патиштата низ Македонија сообраќајната полиција регистрира 223 возачи кои ја надминале дозволената брзина на возење, некои од нив возеле и со 200 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Од санкционираните 223 возачи, 20 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осуммина со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ