четврток, 25 јули 2024

Локализиран е пожарот во прилепско, спасени се неколку индустриски објекти

Локализиран е опасниот пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

Објавено на

часот

Сподели

Рeгионалниот Центар за управување со кризи (РЦУК) – Прилеп информираше дека пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.

„Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен што координирале за негово гаснење, вработени од регионалниот центар отишле и на лице место. Горела сува трева, но, заради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност, пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката Орион инженеринг, а и други околни објекти“, појаснија од ЦУК.

Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.

„Противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари  и противпожарни возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожар, заради присутните ветер и жештина“, додадоа од ЦУК.

Зафатено било и едно противпожарно возило од огнените јазици, но, засега нема информации дали и колку е тоа оштетено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ