Се говори дека Нико Вилијамс е еден од приоритетите на Барселона на трансфер пазарот, но има многу прашалници околу тоа дали „каталонците“ имаат средства за реализирање на една ваква зделка, офанзивниот фудбалер има откупна клаузула од 58 милиони евра.
Но Жоан Лапорта разреши одредени дилеми, претседателот на Барса попладнево соопшти добри вести за навивачите.
„Ми се допаѓа многу Нико Вилијамс, но мора да ги оставиме одговорните лица да си ја завршат работата, Деко напорно работи да ги донесе засилувањата за кои беше дискутирано со тренерот Ханси Флик, се надевам наскоро ќе имаме добри вести“ – вели Жоан Лапорта.
Запрашан дали Барса има пари за една ваква зделка, тој додаде: „Да, денеска имаме и тоа е резултат на сето она што го сработивме изминативе години, за да стигнеме до точка каде можеме да правиме трансфери од ова ниво“.