среда, 26 јуни 2024

Полицијата пронајде стружанец баран со потерница

Полицијата го пронајде стружанецо кој бил баран со наредба на Обвинителството за организира криминал и корупција.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Струга го лишиле од слобода Х.Б.(27) од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Лицето било спроведенo во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ