сабота, 20 јули 2024

Барселона целосно го забранува изнајмувањето апартмани на туристи

Барселона објави дека до 2028 година ќе го забрани изнајмувањето апартмани на туристи, со што сака да го заузда растот на трошоците за кирија и да им овозможи на граѓаните да можат да живеат во својот град.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Левичарскиот градоначалник на градот Хауме Колбони кажа дека до ноември 2028 Барселона ќе ги укине дозволите за 10.101 апартман кои во моментов имаат дозвола за краткорочен наем.

„Го сузбиваме она што го сметаме за најголем проблем на Барселона“, кажа Колбони.

Експлозијата на краткорочниот наем во Барселона, најпосетениот град во Шпанија, доведе до тоа некои граѓани да не можат да си дозволат наем на стан откако кириите во последните 10 години пораснаа за 68 отсто, а цените на недвижностите за 38 отсто. Пристапот до место за живеење стана најголем придвижувач на нееднаквоста, особено за младите, кажа Колбони.

Локалните власти во последните десет години воведоа рестрикции за краткорочен наем на Канарските Острови, Лисабон и Берлин.

Шпанската социјалистичка министерка за домување и урбана агенда Изабел Родригез кажа дека ја поддржува одлуката.

„Станува збор за тоа да се преземе сè што е потребно за да се гарантира достапно домување“, порача таа на Икс.

Оваа одлука ќе им користи на хотелите. Отворањето нови хотели во најпопуларните делови од градот го забрани левичарската партија која владееше со Барселона од 2015 до 2023, а Колбони навести дека може да ги ублажи рестрикциите.

Во Барселона во последните години не е дозволено регистрирање на нови туристички апартмани. Месната влада нареди во 2016 затворање на 9.700 нелегални туристички апартмани и речиси 3.500 апартмани повторно ги користат граѓаните за живеење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ