сабота, 20 јули 2024
Министерот за внатрешни работи во Австрија

Тошковски-Карнер: Продолжува заедничкото справување против илегалната миграција и криумчарењето на мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил билатерална средба со неговиот австриски колега Герхард Карнер на маргините на Министерската конференција на Салцбуршкиот форум кој се одржува денеска и утре во Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, соопшти МВР, Карнер му го честитал назначувањето на Тошковски, истакнувајќи ја важноста на традиционално добрите односи меѓу двете држави.

„Министрите се согласија за продолжување и зајакнување на соработката, особено во заедничкото справување со миграциските текови и борбата против илегалната миграција и криумчарењето на мигранти. Оваа соработка е од суштинско значење за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот, како и за ефективното управување со предизвиците што произлегуваат од миграциските кризи“, информира МВР.

Министерот Тошковски изразил благодарност за помошта и поддршката што сојузното министерство ја дава на нашата држава.

Посебно го истакнал значењето на претходниот билатерален договор и заедничките операции со Фронтекс, кои, како што навел, значително придонесуваат за подобрување на безбедносната состојба и ефикасното справување со имиграционите предизвици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ