сабота, 20 јули 2024

Господски потег на Реал, ќе го купи Хоселу од Еспањол и ќе го пушти да се пресели во Катар

Како што пренесува АС, Реал Мадрид решил да го купи Хоселу од Еспањол за 1,5 милиони евра и потоа да го пушти напаѓачот да се пресели во Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Хоселу минатото лето пристигна во Реал Мадрид на позајмица од Еспањол вредна 500.000 евра и беше еден од хероите на „кралевите“ на патот до титулата број 15 во Лигата на шампиони.

Напаѓачот имаше опција да остане на „Бернабеу“, но се реши за авантура во Катар, каде ќе заработува многу повеќе пари (околу 8 милиони евра по сезона).

Со оглед на тоа дека тој се уште е фудбалер на Еспањол, клубот од Каталонија денеска го крена гласот и порача дека тие го имаат последниот збор.

Но како што пренесува АС, Реал Мадрид ќе направи господски потег, ќе ја активира опцијата вредна 1,5 милиони евра за во целост да го купи Хоселу.

„Кралевите“ немаат намера да заработат од оваа зделка, туку само да му помогнат на напаѓачот со помалку проблеми да се пресели во Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ