среда, 24 јули 2024

„Се извинувам Кежаровски тука живее?“ – документарен филм на Миле Бошњаковски

Премиера на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од Миле Бошњаковски ќе биде одржана вечер во 19 часот во киното „Фросина“ во Младински културен центар.

Објавено на

часот

Сподели

Во видео записот во два дела во вкупно времетраење од педесет минути, како се содржани директното сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и затворска казна. Во филмот покрај сведоштвото на новинарот Кежаровски, како што наведува авторот, се вклучени и настаните кои му претходат на неговото приведување односно како тој работи чувствителни истражувачки новинарски теми кои се индиректен (директен) поттик за настаните кои следат, за „желбата“ на oбвинителката Лиле Стефанова за Кежаровски да ѝ „пее“ и го менуваат животот на семејството Кежаровски.

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно пет години по заокружување на „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“, а во филмот ќе бидат прикажани и моменти од настаните за случајот „Ореше“ за прв пат на јавноста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ