четврток, 21 ноември 2024

Пире од моркови, тиква и ѓумбир

Објавено на

часот

Сподели

▢ 1 кг моркови, измиени и крупно сечкани

▢ 1 кг тиква, измиена и крупно сечкана

▢ 500 мл млеко

▢ 1,5 лажица кафеав шеќер

▢ 1 лажица рендан свеж ѓумбир

▢ 1 лажичка сол

▢ малку мелен цимет

▢ 3 лажици путер

▢ китка власец, за украсување, по желба

Приготвување:

Динстајте ги морковите на 1 лажица путер, околу 25 минути, да омекнат. Истото направете го и со коцките тиква, околу 15 минути.

Измешајте ги млекото, шеќерот, ѓумбирот, солта и циметот и додајте ги кај морковите и тиквата.

Со црпалка извадете половина чаша од течноста и зачувајте ја.

Измешајте ја смесата во блендер.

Додадете ја третата лажица путер и мешајте во блендер додека смесата не се изедначи.

Ако смесата е малку густа, додајте ја зачуваната течност, лажица по лажица, и мешајте додека не се постигне саканата густина.

Префрлете ја во сад за сервирање, одозгора украсете со власец (по желба) и послужете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ