▢ 150 г несолен путер, омекнат на собна температура
▢ 250 г крем-сирење (маскарпоне), омекнато на собна температура
▢ 400 г шеќер во прав
▢ 7 рамни лажици какао во прав
▢ 3 лажици (45 мл) слатка павлака или млеко, на собна температура
▢ прстофат сол
▢ 2 лажички екстракт од ванила
Приготвување:
Со миксер изматете ги путерот и маскарпонето на средна брзина додека смесата да стане кремлива, околу 2 минути.
Додајте ги шеќерот во прав, какаото, слатката павлака, солта и екстрактот од ванила. Матете со мала брзина 30 секунди, потоа зголемете ја брзината и матете 1 минута.
Додадете уште шеќер или какао ако преливот е премногу редок, или уште една лажица слатка павлака ако е премногу густ. Пробајте. По желба додајте уште малку сол.
Употребете го веднаш или убаво покријте го и чувајте до 1 недела во фрижидер или до 3 месеци во замрзнувач. Откако ќе се замрзне, одмрзнувајте го во фрижидер, а потоа изматете го неколку секунди на средна брзина за повторно да стане кремлив.