среда, 4 декември 2024

Лесен чоколаден колач

Објавено на

часот

Сподели

▢ 1 чаша (120 г) брашно

▢ 1 чаша (200 г) шеќер

▢ 6 лажици какао во прав

▢ 1/2 лажичка сода бикарбона

▢ 1/2 лажичка сол

▢ 1 чаша матеница (млеко отстоено 10 минути со 2 лажици лимон)

▢ 1/2 чаша масло

▢ 2 лажички екстракт од ванила

▢ 2 големи јајца

Чоколаден прелив (по желба):

▢ 200 г чоколада за готвење, ситно искршена

▢ 100 г слатка павлака, зовриена

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Попрскајте ја тавата за печење со малку масло, а потоа посипете какао. Истресете го вишокот какао.

Во голем сад за матење изматете ги брашното, шеќерот, 6 лажици какао, сода бикарбоната и солта.

Додајте ги матеницата, маслото, ванилата и јајцата.

Матете ја смесата додека не се изедначи (околу 1 минута).

Истурете ја во подготвениот сад за печење.

Печете во загреана рерна додека чепкалката за заби вметната во центарот на колачот не излезе чиста, околу 27 до 35 минути.

Оставете го целосно да се излади.

Во меѓувреме направете го преливот. Прелејте ја ситно сечканата чоколада со зовриената слатка павлака и оставете да отстои 5 минути. Измешајте со маталка додека чоколадата да се стопи и смесата да се изедначи. Оставете го преливот да се олади додека да згусне, околу 30 минути, а потоа премачкајте го преку колачот.

Друг вкусен прелив за оваа торта е чоколадниот крем со крем-сирење и путер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ