среда, 11 декември 2024

Пилешко „Ожени ме“

Објавено на

часот

Сподели

4 пилешки гради, околу 1 кг

1,5 лажичка сол

2 лажици масло

3 чешниња лук, здробени

1 чаша неутрална павлака

½ чаша пилешка супа од две коцки

8 лажици свежо рендан пармезан

1 тегла сушени домати, исцедени и крупно исечкани

1 лажичка мајчина душица

половина лажичка свежо мелен црн пипер

• листови од свеж босилек, за украс

Приготвување:

Истапкајте го пилешкото со кујнска хартија. Зачинете го со 1 лажичка сол.

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Ставете го пилешкото и пржете додека не порумени, по околу 5 минути од страна. Префрлете го во чинија.

Во истата тава ставете го лукот и пржете додека не замириса, околу 30 секунди. Додајте ги неутралната павлака, пилешката супа, 4 лажици пармезан, сушените домати, мајчината душица, црниот пипер и уште малку сол по желба, и убаво измешајте.

Вратете го пилешкото во тавата. Оставете сосот да зоврие, а потоа намалете ја температурата на средно ниска. Гответе уште околу 5-8 минути.

Врз пилешкото наредете ги босилекот и преостанатите 4 лажици пармезан и послужете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ