понеделник, 9 декември 2024

Барбекју-шпагети

Објавено на

часот

Сподели

1 кг бавно печена свинска плешка (или бут)

1 кромид, ситно сечкан

2 црвени пиперки ајварки, ситно сечкани

2 чешниња лук, здробени

250 г барбекју-сос

350 г традиционален доматен сос

1 конзерва сечкани домати

пакетче шпагети, сварени

зачин за свинско „вегета“

маслиново масло

Приготвување:

Раскинете го со прсти бавно печеното свинско на ситни парчиња. Поделете го на два дела, а едната половина досечкајте ја со нож.

Во голема тава на средна температура ставете од маслиновото масло и запржете ги кромидот и пиперките, а потоа и лукот.

Додајте ја половината сечкано свинско, зачинот за свинско, доматите од конзерва, доматниот сос и барбекју-сосот. Оставете да крчка околу 30 минути, повремено промешувајќи.

Во сосот додајте ги сварените шпагети и измешајте. Одозгора наредете ја другата половина свинско месо и попрскајте уште малку барбекју-сос. Послужете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ