понеделник, 9 декември 2024

Колач со цимет и ѓумбир и глазура од крем-сирење

Објавено на

часот

Сподели

▢ 1 чаша (120 г) брашно

▢ 1 чаша (200 г) шеќер

▢ 2,5 лажици ѓумбир во прав

▢ 1,5 лажица цимет во прав

▢ 1/2 лажичка сода бикарбона

▢ 1/2 лажичка сол

▢ 1 чаша матеница (млеко отстоено 10 минути со 2 лажици лимон)

▢ 1/2 чаша масло

▢ 2 лажички екстракт од ванила

▢ 2 големи јајца

За глазурата:

▢ 250 г маскарпоне, омекнато на собна температура

▢ 150 г несолен путер, омекнат на собна температура

▢ 350 г шеќер, плус уште малку ако е потребно

▢ 1 лажичка екстракт од ванила

▢ 1/8 лажичка сол

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Попрскајте ја тавата за печење со масло, а потоа посипете малку брашно. Истресете го вишокот брашно.

Во голем сад за матење изматете ги брашното, шеќерот, ѓумбирот и циметот во прав, сода бикарбоната и солта.

Додајте ги матеницата, маслото, ванилата и јајцата.

Матете ја смесата додека не се изедначи (околу 1 минута).

Истурете ја во подготвениот сад за печење.

Печете во загреана рерна додека чепкалката за заби вметната во центарот на колачот не излезе чиста, околу 27 до 35 минути.

Оставете го целосно да се излади.

За преливот, во голем сад со миксер изматете ги маскарпонето и путерот заедно на голема брзина додека смесата да се изедначи. Додајте ги шеќерот, ванилата и солта. Матете на мала брзина 30 секунди, а потоа со голема брзина матете 2 минути. Ако сакате глазурата да биде малку погуста, додајте уште 2-3 лажици шеќер. Пред да ја мачкате, ставете ја глазурата во фрижидер 30 до 60 минути за да се зацврсти. Врз изладениот колач премачкајте ја глазурата и послужете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ