сабота, 28 септември 2024

Петмина охриѓани ќе одговараат за узурпација на државно земјиште во Трпејца и Љубаништа

СВР Охрид поднесе две кривични пријави за два засебни случаи против петмина охриѓани кои се осомничени за узурпација на недвижности.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижност“.

„Пријавениот, во својство на инвеститор на катастарска парцела во државна сопственост во Љубаништа, изградил метална ограда без да поседува решение за градење“, се наведува во билтенот на МВР.

Во вториот случај СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П., Р.П., И.П и А.П., исто поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

„На државен имот во село Трпејца, охридско, каде сопственици се пријавените, бил пробиен пат со помош на механизација, при што била уништена вегетација спротивно на условите на Јавната установа – Национален парк Галичица“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ