недела, 17 ноември 2024
Шефот на дипломатијата има став

Османи: Живеам само од функционерската плата и таа ми е важна

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека живее само од функционерската плата и тој приход му е многу важен. Османи има разбирање за поплаките на граѓаните дека тешко се живее со ниски плати, но не се согласува со други политичари кога ќе речат дека платата не им е важна.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан од новинарите за став во врска со најавената корекција на функционерските плати, кои од март ги примаат зголемени за дури 78 отсто, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи  изјави дека тој живее само од платата, но нагласува дека приоритетот треба да биде стандардот на граѓаните, на оние со ниски плати.

„Не сакам да бидам разбран како популист, но не мислам дека е за фалење кога политичарите велат дека не им е важна платата бидејќи со тоа на некој начин кажуваат дека не живеат само од платата“, рече Османи.

„Се согласувам дека приоритетни треба да бидат сите оние граѓани чии плати се околу минималната плата, зашто тешко се живее во време на инфлација и поскапувања“, рече министерот.

Инаку, по најавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека во вторникот ќе се носеше одлука за корекција на платите, што не се случи поради отсуството на премиерот, вчера претседателот на Владата Димитар Ковачевски изјави дека е потребно издржано правно решение за корекција на функционерските плати и дека веројатно во текот на идната недела таков предлог ќе изготват група министри со правни експерти.

Таквиот предлог доколку помине на Влада, потоа треба да биде доставен до пратениците за одобрување, кои пак, исто така примаат функционерски плати зголемени за 78 отсто.

За колку проценти се планира корекцијата, односно намалувањето на платите, Ковачевски не сакаше да каже, односно „да шпекулира“, ниту дали со корекцијата би се вратиле на нивото од пред март месец од кога функционерските плати драстично се зголемија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ