сабота, 28 септември 2024

Орбан: НАТО ќе има воена мисија во Украина, Унгарија нема да учествува во неа

НАТО ќе испрати воена мисија во Украина, кажа денес премиерот на Унгарија Виктор Орбан, со коментар дека Будимпешта нема да учествува во тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот воз оди кон војна. Остваривме минимална цел, се договорив со генералниот секретар на НАТО дека Унгарија „ќе се симне од возот“. НАТО ќе има воена мисија во Украина, но Унгарија нема да учествува во тоа“, изјави Орбан.

Според него, никој повеќе не може да го убеди „возачот (на воениот воз)“ да го „сопре возот“. Тоа, според него, би можел да го направи само поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа.

Клучното прашање на украинската криза е дали Украина ќе влезе во НАТО и дал над Севастопол на Крим ќе продолжи да се вее руското знаме, оцени Орбан.

„Прашањето е дали на крајот Украина ќе стане членка на НАТО или не, ова е војна околу тоа. дали над Севастопол, пристаништето во Црно Море, ќе биде знамето на НАТО или знамето на Русија. Оваа војна е за тоа“, истакна унгарскиот премиер.

Русите, истакна тој, не сакаат да живеат блиску до границата на една таква Украина, која ќе биде вооружена со најновото оружје на НАТО и војска.

Тој додаде дека НАТО, иако сака да победи, тоа не може да го направи бидејќи цената за победата ќе биде превисока.

„Ситуацијата изгледа како западниот свет да сака да ја победи Русија со помош од Германија и предводена од Соединетите Американски Држави. Мислам дека тоа не може да се случи. А дури и ако успееме, што воопшто не е реално, ќе мора да платиме толку висока цена што нема да се исплати“, заклучи Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ