четврток, 4 јули 2024

Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници (ВИДЕО)

Од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан избегале 18 затвореници, од кои некои осудени на смрт, соопштија денеска локалните власти.

Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните лица, еден од бегалците имал пиштол, со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.

Шефот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците загинал еден ден претходно, кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната голема потера по сите кои избегале, шефот на затворот е суспендиран, неколку службени лица се приведени.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ