сабота, 27 април 2024

Од Велес денеска тргнува изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези

Денеска во Народниот музеј Велес во 13 часот ќе биде отворена изложба на големите јапонски мајстори за дрворези – УКИЈО-Е од XVII и XVIII век. Изложбата ќе ја отворат Казуја Оцука, амбасадор на Јапонија во Македонија, Горан Антевски, претседател на AOTС Македонија и EФФAС и Јасмина Намичева, кустос. Изложбата, во следните три месеци ќе патува во Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Св. Николе, Виница, Неготино, Гевгелија, Богданци за на крајот да допатува во Скопје во јуни.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на изложбата ќе бидат организирани работилници за ученици за кои ќе се организира завршна изложба.

Патувачката изложба содржи 30 реплики од најпознатите мајстори на дрворези од XVII и XVIII век. Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.

Изложбата е во организација на МузеумЛинк раководена од Јасминка Намичева, „Архифакт“ – Скопје, здружението за архитектура, дизајн и култура и Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе патува благодарение на поддршката на AOTC Македонија, Раде Кончар ТЕП и Амбасадата на Јапонија по повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ