вторник, 24 септември 2024

Обвинителството во Србија поднесе обвинение поради убиството на девојчето Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство во Заечар поднесе денес обвинение против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ поради убиството на девојчето Данка Илиќ од Бор во источна Србија.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите, Драгијевиќ и Јанковиќ се теретат за „тешко убиство и соучесништво“, како и за „непријавување кривично дело“ и „помош на извршителот по извршено кривично дело“.

Данка Илиќ исчезна на 26 март пред куќа во населбата Бањско поле кај Бор, а нејзиното исчезнување за првпат го активираше системот „Пронајди ме“, односно „амбер алерт“ во Србија, со кој јавноста итно се известува за исчезнување на дете.

Полицијата во Србија соопшти во април дека се уапсени две лица поради сомнеж дека го убиле девојчето.

Министерот за полиција на Србија Братислав Гашиќ кажа тогаш на конференција за новинарите дека осомничените, работници на јавното претпријатие Водовод во Бор, со автомобил ја удриле Данка и нејзиното тело го фрлиле на депонија. Тие, според него, на 26 март биле на службена задача во Бањско поле.

Иако полицијата тогаш соопшти дека осомничените го признале кривичното дело, јавното обвинителство во Заечар во јули соопшти дека осомничен за убиството на двегодишното девојче го негирал извршувањето на кривичното дело.

Ова обвинителство исто така претходно соопшти дека се земени повеќе од 500 траги од службеното возило на Водовод за кое полицијата се сомнева дека го возеле двајцата осомничени кога го удриле девојчето.

„До тогаш вештачењата покажаа дека на ниеден траг не се наоѓа ДНК на Данка Илиќ, како во самиот автомобил, така и на надворешните делови на возилото“, соопшти обвинителството во јули.

Српската полиција сè уште трага по телото на девојчето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ