„Синоќа полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во селото Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.