недела, 13 октомври 2024

ФФМ го суспендираше теренот во Кавадарци, Вардар со службени 3-0 го доби мечот против Тиквеш

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе одлука за инцидентот на мечот меѓу Тиквеш и Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Во судиското продолжение од натпреварот помошникот судија Гоце Петревски беше удрен од публиката, по што главниот судија Александар Ставрев предвреме го прекина мечот.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ