петок, 5 јули 2024
Време

Облачно, посвежо и локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од УХМР најавуваат дека во четврток ќе се задржи променливото облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ