Македонските репрезентативци се Христо Василевски, актуелниот државен сениорски првак, Владимир Ѓорѓиески, претставник во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“ кој за првпат ќе настапи на европско првенство, како и младинците Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски, со прво односно второ место во младинската категорија во А дивизија,
Сите претставници изминатиов период имаа интензивни подготовки, меѓу другото и на домашните мастерс турнирите и првенства, со желба достојно да ја претстават нашата земја.
Компанијата Иуте во континуитет поддржува проекти од јавен интерес во сите општествени сфери. Соработката со националната Федерација за билјард дојде како резултат на желбата на компанијата да им помогне на исклучително талентирарани и посветени момчиња, кои живеат за реализирање на својот сон и медали.
И по завршувањето на европското првенство, Иуте ќе продолжи да ги поддржува сите активности поврзани со спортскиот календар, како за домашните, така и за меѓународните настапи на нашите билијард репрезентативци.