недела, 17 ноември 2024
Изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Со свадбата од милион евра Мијалков прослави што може да ѝ плукна на правдата в лице

По измените на Кривичниот законик Сашо Мијалков со свадбата од милион евра ѝ плукна на правдата в лице, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски во гостување на Канал 5 телевизија, во однос на изјавите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за тоа дека многумина се плашат од неговото враќање рече дека таа тема засега е затворена, но дека со измените на Кривичниот законик и паѓањето на дел од предметите, поранешниот функционер на партијата Сашо  Мијалков ѝ плукнал на правдата в лице.

„Ние на таа тема што имавме да кажеме кажавме, сега за сега, и тоа што го кажавме досега излезе вистина. Едно е да демантирате, друго е да ги видите фактите. Се случија измени на Кривичниот законик, но исто така се случуваат и иницијативи до Врховниот суд па на  Сашо Мијалков му паднаа затворските предмети и кривичните предмети. Направија свадба од милион евра веројатно за да се прослави, што само по себе е плукање во лице на правдата. Немам друг израз да употребам. Се гледа дека тој договор со ДУИ функционира, но таа тема ние ја затворивме затоа што тоа што го презентиравме излезе точно“, истакна Николоски.

Тој рече и дека суштината на измените на Кривичниот законик  е дека има застарување за претходни судски случаи, но има и амнестија за идни.

„На пример Зоран Заев за период 2017, 18, 19 ,како премиер веќе не може да одговара.Мила Царовска за период кога беше министер веќе не може да одговара, Дамјан Манчевски за период кога беше министер веќе не може да одговара, Арбен Таравари за период кога беше министер не може да одговара, Драги Рашковски или ќе излезе од затвор или значајно ќе му биде намалена казната исто и Мухамед Зекири, Оливер Спасовски нема да одговара за набавката за чизми во рамките МВР за што се поднесе кривична пријава во рамки на техничката влада“, истакна Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ