вторник, 24 септември 2024

Наставниците и администрацијата идната година ќе добијат повисоки плати, најави премиерот

За идната година е предвиден раст на платите во јавната администрација во рамките на можностите, најави премиерот Христијан Мицкоски и рече дека пари ќе има и за образованието и за други институции.

Фото: Камен темелник за спортска сала

Објавено на

часот

Сподели

„Предвидено е во рамките на буџетот, во една работна верзија којашто ја досредуваме. Очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, потоа според процедурите да се најде пред пратениците во македонското Собрание. Така што предвиден е раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, сметката на Владата излегува од негативното салдо коешто го наследивме“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус од 200 милиони евра. Сега, како што посочи, сметката се доближува кон позитивна нула. Во откомври тој  очекува позитивно салдо бидејќи, вели, дел од долговите се враќаат и како што нагласи, заборавените обврски се исполнуваат.

„Можам да кажам дека денеска, пред да дојдам тука, имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ. Долгувањата се околу 5 милијарди, некако ова петка станува заштитен знак – 5 милијарди долгови за пензионерите, 5 милијарди Фондот за здравство, 5 милијарди ЕСМ. Долговите се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика, таа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти“, рече Mицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски изјавата ја даде во Општина Ѓорче Петров каде присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ