Некои украински команданти и многу војници сметаат дека тоа е цената на офанзивата во Курск. „Курск беше добра идеја, ја разоткри Русија како послаба отколку што многу луѓе веруваа. Но ние тоа го плаќаме со губење на сопствената територија“, кажал командант на украинската војска за Фајненшал тајмс.
Покровск и Мирноград имале пред војната 100.000 жители, а сега се клучни за украинската одбрана на источниот фронт. Кога би паднале во руски раце, тоа би ги загрозило градовите Констатиновка, Дружковка, Краматорск и Словјанск и значително би ја засилило позицијата на Русија, предупредуваат украинските команданти. Губењето на овие два логистички центри би му наштетило и на украинскиот морал, кој се кренал по упадот во Курск.
Russia has wiped out another city in Donetsk region: Ocheretyne, near Pokrovsk.
What used to be a nice place and someone’s home is now a ghost town, completely trashed and left in ruins. pic.twitter.com/pbtRRnDUVS
— Victoria (@victoriaslog) September 23, 2024
Руските сили се прилагодуваат, учејќи од претходните грешки и избегнувајќи големи напади со тенкови и оклопни возила. Нивната нова тактика доведе до неодамнешните успеси во Доњецк, присилувајќи ги украинските трупи на повлекување и приближувајќи ја Москва до нејзината цел да го контролира целиот регион.
Михаило Темпер, командант на батерија во 21 чета на украинската самостојна претседателска бригада, кој се наоѓа во тој регион од април, кажал за ФТ дека руската тактика се сменила од средината на летото. Сега ангажираат побрзи, помобилни единици и ја усвоиле тактиката која претходно ја користела паравоената група Вагнер. „Путин ја уништи Вагнер групата, но ги презема најефикасните тактики. Руската војска ги научи лекциите и доби искуство од Вагнер“, смета Темпер.
It was a morning in Vuhledar. The situation is critical, but the soldiers of the 72nd Brigade continue to hold the line. pic.twitter.com/No1aAOCvks
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) September 24, 2024
Руските сили ја смениле и тактиката успорувајќи го напредувањето кон Покровск и обидувајќи се да ги заобиколат украинските позиции. сега се фокусираат на територијата околу Угледар и Курахово, уште едно упориште кое се соочува со интензивни руски напади.
Тој пристап го проширил бојното поле и дополнително ја закомплицирал тенката украинска одбрана. „Гледаме дека се отвораат многу жаришта“, вели Темоер, мислејќи на цепови на украински трупи во процесот на опколување и отсекување, што ги тера на повлекување.