На пресметката помеѓу Германија и Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство имаше контроверзен момент, по еден удар на Мусиала со рака играше Кукуреља.
Сепак, судијата Ентони Тејлор не се огласи, не беше корегиран ниту од ВАР собата, а во продолжението од мечот, „црвената фурија“ постигна гол, продолжи понатаму и потоа стана шампион на Европа.
УЕФА синоќа призна дека е направена грешка, па Тони Крос веднаш излезе со ироничен коментар.
„Им требаше три месеци да сфатат дека е рака, кога сите ние знаевме по само една секунда. Ви благодарам, ништо страшно“ – вели Германецот, за кого Европското првенство беше последен настап пред пензија.
„Дали сега можам да кажам дека сум Европски шампион бидејќи сега излезе официјална потврда? Не би рекол…“