вторник, 8 октомври 2024

СДСМ: Се виде во парламентот дека функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ

„Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа. Додека пред јавноста Мицкоски демек ги напаѓа, тој во Собрание си ги реализираат диловите. ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ“, реагира СДСМ по денешната седница на Собранието каде со двотретинско и бадентерово мнозинство беа изгласани законски измени со кои нема да има избори во општините Аеродром, Сарај и Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред околу еден месец ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци, а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат“, се вели во реакцијата на СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ