„Да се зборува за пораз на Украина или пораз на Русија, тоа едноставно нема да се случи“, кажа Павел, додавајќи дека ни Украина ни Русија не може да очекуваат да ги обезбедат своите максимални воени цели. Неговата изјава е објавена на почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, а Украина е една од главните теми на дневниот ред.
Павел, поранешен генерал на НАТО кој е жесток поддржувач на Киев, неодамна преку институциите на својата земја ја убеди Европската Унија да купува артилериски гранати од трети земји за да му ги испорача на Киев.
Тој во август кажа дека каков било мировен договор постигнат меѓу Русија и Украина веројатно нема да биде фер. Павел истакна дека на Украина треба да ѝ се дозволи да влезе во НАТО дури и ако не ја врати својата окупирана територија.