„Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува“, вели Трајановски.
Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде моногу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие.