Сега првпат обожавателите на Хендрикс имаат можност да наддаваат за различни лични предмети коишто откриваат повеќе за музичките потфати и за животот на Хендрикс надвор од сцената. Меѓу предметите има и 50 ретки ленти, вклучително и необјавени снимки, како и лични записи и документи, на пример, рачно напишано барање за извод од матичната книга на родени, планови за турнеја, па дури и потврди за хемиско чистење на облеката и друго.
„Кога првпат имавме можност да ја истражиме оваа архива, веднаш бевме воодушевени од длабочината и значењето на материјалот. Ова е неверојатна колекција којашто не само што го отсликува личниот живот на Џими Хендрикс, туку и ве враќа во клучните мигови во музичката историја“, изјави консултантот за музика и постери во „Пропстор“, Марк Хонам.