Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата „Импровизации во уметнички настап“ (Performing Arts Improvisation), освојувајќи ја титулата – светски шампион!
Покрај златниот медал, Анди освои и сребрен медал во категоријата- Модерен балет соло за момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана светски вицешампион.
Анди е член на танцовото студио „Брејк а лег“ (Break a Leg) од Скопје, а зад неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска.
Ова е веќе петти пат Анди Исмаили да освои титула светски шампион, покажувајќи неверојатен талент и упорност.
„Неговиот успех е гордост за Гостивар, за Македонија, и пример за младите кои ја следат својата страст“, велат неговите сограѓани гостиварци .