петок, 13 декември 2024

Предновогодишен Рeсет со Елена Бубало во СРЦ „Борис Трајковски“

Сите кои се трудат да го одржат своето тело во добра кондиција, во недела на 1 декември ќе можат да се приклучат на фитнес вежбите под раководство на познатата инструкторка Елена Бубало и нејзиниот тим. Настанот ќе се одржи во малата сала на спортско-рекреативниот центар  Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 10:30 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„Ресет“ настанот е во организација на Реплек, а како и на претходниот, покрај можноста за вежбање со искусната инструкторка Бубало, ќе биде поставено и детско катче со спортски реквизити за деца до 6 години, додека поголемите деца ќе можат слободно да се приклучат и да вежбаат заедно со своите родители. Во рамките на „Ресет“ настанот, Реплек обезбедува соодветна опрема и освежување за сите кои ќе вежбаат.

Ова е веќе трет настан од ваков вид и последен за оваа година. Претходните два, одржани во јуни и септември, привлекоа голем број учесници кои имаат сè поголем интерес за активниот начин на живот.

Овој тип на настани ќе продолжат и во 2025 година, како дел од платформа за добросостојба на Реплек именувана „Ресет“. Платформата има за цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила сѐ со цел создавање промени и унапредување на општествената култура.

Покрај промоција на активниот живот, платформата „РЕсет“ беше домаќин и на едукативни работилници со Илина Арсова и Борче Стаменов, со кои се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и добросостојбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ