четврток, 5 декември 2024

Moj воздух (AirCare) стана дел од светска стартап компанија

Објавено на

часот

Сподели

Во Македонија позната како МојВоздух, оваа апликација уште од 2014 година ја разбранува јавноста со обелоденување на проблемот со аерозагадувањето, вели понатаму во соопштението Горјан Јовановски, ко-основач и извршен директор на AirCare.

„Користејќи отворени податоци од државни мерни станици, волонтерски мрежи и сателитски податоци, денес AirCare има над 1 милион преземања и е достапна ширум светот. Стотици илјади луѓе секојдневно се информираат за каков воздух дишат кога е најзагадено, колку полен има во воздухот и колку силно зрачи сонцето со УВ зраци.

„Techstars е еден од најпознатите и најголемите светски акцелератори за стартап компании – сон за многумина претприемачи како нас. Маилот тим зад AirCare секојдневно покажува дека во Македонија има квалитетни производи, фирми и тимови кои прават импакт не само на локалната, туку и на глобалната сцена“, вели Јовановски,

Во наредните 3 месеци, тимот на МојВоздух ќе работи напорно од Македонија и Берлин, за да достигне нови пазари, повеќе корисници, и да ја продолжи борбата против аерозагадувањето со нов тип на продукти наменети за бизнис корисници, најавува Јовановски.

мојвоздух

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ