недела, 17 ноември 2024
Прес-конференција на Левица

Meциновиќ: Уставниот суд го бетонизира и последниот слободен простор во Центар, поранешна Треска

Со прес-конференција на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, одржана пред некогашната фабрика Треска во Скопје, партијата испрати порака дека тоа место сведочи како политичката и судската елита, во спрега со интересите на урбанистичката мафија – го задаваат последниот удар на Општина Центар и воедно градот Скопје – со изградба на бетонско чудовиште во спротивност на јавниот интерес.

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата недела Уставниот суд под водство на Кацарска, ја отфрли иницијативата за преиспитување на овој ДУП, одлука со која се бетонизира последниот слободен простор во центарот на Скопје и се крунисува плодната соработка помегу големите партии, судството и предаторските бизнис интереси – во овој случај, на градежните компании Голден Арт и Мега Акустик.

Ова е еден во низата примери, кога Уставниот суд во Македонија ги штити интересите на градежните компании – потсетуваме за скандалозната одлука, со која се укина мораториумот за градба и се легализираше бетонизацијата општина Центар.

Во овој конкретен случај, на спорната денационализација се надоврзува и незаконското располагање со имотот на стечајниот управител, што води до загуба на милионски суми за Општина Центар и Град Скопје. Додека минатата година, повторно сведочевме како на спорни локации, околу кои се водат дебати и истраги, неочекувано избиваат пожари кои претходат на градежни активности. Затоа, сега ни се поставува прашањето дали овој пожар беше случаен или добро организиран?

Герасимовски и СДСМ, како секогаш водени од своите лукративни побуди и искривени политички приоритети, иако имаат одговорности и овластувања, не иницираа носење на нов Детален урбанистички план, како што се предвидува – со што се обидуваат да го легализираат грабежот и градежните активности на овој простор.

Ние, како Левица, застануваме во одбрана на јавниот интерес на жителите на Центар и Град Скопје, како што и се попречуваме на патот на самоволието на бизнис интересите. Советничката група на Левица во Општина Центар ќе иниситира на изработка на нов ДУП како и на времена мерка за забрана на градежни активности и издавања на одобренија за градба во периодот на пресистражната постапка водена од Јавното обвинителство”, рече Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ