четврток, 5 декември 2024

Масовниот туризам ја нагрдува плажата „Златен рог“ во Хрватска

Tамошните жители се загрижени за масовниот туризам и одлучија активно да учествуваат во заштитата на ова природно богатство.

Објавено на

часот

Сподели

Можеби една од најпривлечните плажи во Југоисточна Европа, „Златен рог“ кај Сплит, Хрватска, се соочува со драматични промени… Последните неколку месеци, се вели, плажата го загуби својот препознатлив облик, а луѓето кои живеат во таа област сметаат дека прекумерното присуство на странци, посетители и туристичкиот сообраќај се главните причини за овој проблем, објави „Кликс“.

Тамошните жители се загрижени за масовниот туризам и одлучија активно да учествуваат во заштитата на ова природно богатство. Како дел од решението е тоа што мештаните почнаа и петиција за ограничување на пловењето крај брегот во текот на летната сезона.

Околните жители, исто така, се надеваат и дека новите регулативи ќе донесат подобрувања за заедницата.

Имајќи го предвид зголемувањето на туристичкиот сообраќај и неговите ефекти врз животната средина, оваа иницијатива на месното население претставува важен чекор кон одржлив туризам. Зачувувањето на „Златен рог“ всушност би значело не само зачувување на убавината на плажата, туку и заштита на идентитетот и на живоста во таа заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ