недела, 17 ноември 2024
Инфектологот ја објави кандидатура

Марковски очекува гласови за шеф на државата од сите граѓани, освен од тие што негираат македонски идентитет

Познатиот инфектолог, проф. д-р Вело Марковски денеска објави дека ќе се кандидира за претседател на Македонија на изборите што треба да се одржат напролет. За кандидатурата му се потребни 10.000 потписи од граѓани кои рече, ќе започне да ги собира согласно законската регулатива, односно откако ќе бидат распишани изборите. Очекува за него да гласаат од сите категории на граѓани, освен од тие што го негираат македонскиот идентитет. Член е на ВМРО-ДПМНЕ, но со партискиот лидер немал разговор за неговата одлука.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот до избори рече дека ќе ја презентира платформата и очекува поддршка од сите граѓани без разлика на партиската определба. Рече дека ќе прифати поддршка од сите, освен од поединци и партии кои, како што кажа, макар и со една изјава го негирале повеќемилениумското негирање на македонскиот народ, македонскиот јазик и повеќевековното постоење на современата македонска нација.  

„Независен кандидат за претседател поддржан од народот е добра можност за обединување и функционирање на државата“, рече Марковски.

Иако е член на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека не разговарал со лидерот на партијата Христијан Мицкоски за неговата кандидатура иако, според негови сознанија, бил на листите на партиите за мерење на рејтинзи за можни кандидати за претстојните претседателски избори. 

„Сметам дека не е во ред да се вадат кандидати за претседател кои народот не успеал да ги запознае. Се случуваше во овие 30 години ВМРО-ДПМНЕ многу често да поддржува независни кадндидати или многу често функционери од други партии на многу клучни места. За градоначалник на Скопје неколку пати, за градоначалник на Центар, за министри…така што сега очекувам една спротивна ситуација мојата партија ВМРО-ДПМНЕ да ме поддржи“, рече Марковски.     

Одлуката да биде претседателски кандидат, рече дека ја донел после многу разговори. Претстојните избори, според него, ќе бидат можност за храбра, суштинска и квалитетна промена во извршувањето на функцијата претседател на државата.

„Мојата визија за претседател е дека таткото на нацијата секогаш треба да биде на страната на граѓаните, да биде гласен брз разлика дали е изложен на внатрешен или на меѓународен притисок и дали се согласуваат странците. Вистински претседател секогаш ќе знае да ја објасни и да ја одбрани позицијата на својот народ и на својата држава и секогаш ќе биде заштитен од граѓаните“, рече  Марковски.   

д

Според него, треба да почекаме Европа да ги реши прво своите проблеми, па потоа да се размислува како ќе се одвиваат преговорите со ЕУ. Марковски смета дека целата процедура со промената на Уставот треба да се прекине. 

Отворена е и веб страницата velomarkovski.mk на која граѓаните можат подетално да се информираат за неговата програма.  

Проф. д-р Вело Марковски е познат инфектолог. Роден е на 11 мај 1958 година во Папрадиште, Велешко. Тој е првата личност која објави дека сака да се вклучи во трката за претседател на државата следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ