„Работевме и работиме на тоа да добиеме 80 пратеници кои ќе дадат поддршка за уставните измени, но ДПМНЕ се цврсти во својата решеност да го блокираат патот на Северна Македонија кон ЕУ, а Мицкоски вели дека ни пред ни по изборите нема да гласа за овие уставни измени. Уставните измени зависат од парламентот. Искрено верувам дека постојат луѓе во ДПМНЕ кои не се подготвени својата држава да ја блокираат на долг рок. Работиме на тоа сите пратеници да ја сфатат својата одговорност и дел од нив да ја преземат и да гласаат. Во спротивно да не се чудиме ако Молдова и Украина почнат преговори за членство, ако Албанија продолжи, а ние останеме во тунелот“, рече Маричиќ.
Тој додаде дека цената треба да ја платат оние кои што ја држат сопствената држава во заложништво.
„Јас мислам дека не треба да им се прости на оние кои ја држеа заробена државата 11 години и кои сакаат повторно тоа да го прават и на сите оние што им помагаат во тоа, сите оние кои што сакаат да нѐ одалечуваат од ЕУ, да нѐ приближат кон Русија или да нѐ приближат кон оние центри на моќ што се активно против нашето членство во ЕУ“, истакна Маричиќ.
„Ние знаеме што ќе се случи ако нема уставни измени, тоа ни е познато, тоа значи дека ќе мора да граѓаните да одлучат помеѓу својата иднина во европските интеграции и завршување на преговорите за некои 4-5 години или во агонија од 15 години која што во меѓувреме ќе ја зајакне позицијата на Бугарија, ќе даде аргументи на бугарската страна и ние ќе бидеме перципирани како оние кои што го прават проблемот, за потоа под полоши услови ќе треба да го направиме истиот компроимс, а во меѓувреме ќе порасне национализмот, сиромаштијата, изолацијата. Тие се два концепти кои неминовно ќе се прелеат и на избори за одлука, ако не ги направиме имените пред тоа“, рече Маричиќ.