сабота, 30 ноември 2024

Македонска премиера на целосно новиот кодијак на Шкода (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкода го претстави својот водечки кросовер, целосно новиот шкода кодијак, на македонскиот пазар. Со својот моќен и робусен изглед, новиот кодијак поставува нов репер во сегментот на кросоверите, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителни удобност и простор, порачуваат од Порше Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Надворешноста на кодијак е целосно редизајнирана, прикажувајќи ги елементите на новиот дизајнерски јазик на Шкода. Елегантните, аеродинамични подобрувања не само што ја подобруваат естетиката на возилото туку придонесуваат и за неговите извонредни перформанси. Новиот кодијак е за 6 сантиметри подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.

Вниманието на надворешноста го привлекуваат ЛЕД матрикс светлата од втората генерација и предната решетка со хоризонтална светлосна лента. Внатрешноста е збогатена со текстил и кожа кои потекнуваат од еколошки процес на обработка и го рефлектираат фокусот на одржливоста.

Кодијак во својата втора генерација нуди свеж и иновативен концепт на ентериерот. Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со дијагонала на екранот до 13 инчи и е опционално е достапен со хедап дисплеј.

Со постојаната интернет конекција кај кодијак овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Шкода конект – како на пример Далечинско активирање на климатизацијата или полнењето на батеријата (kaj плагин варијантата), проверка на сообраќајот или временската прогноза и сл. Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ЧетГПТ во неговиот гласовен асистент Лаура, Шкода го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот. Новата предна конзола овозможува индуктивно полнење на два смартфони истовремено, обезбедувајќи вентилација и моќност од 15W на безжично полнење и 45W преку УСБ-Ц портот за брзо полнење.

Опсегот на погонски единици на кодијак покрај добро познатите бензински 1,5 ТСИ ДСГ мајлд хибрид со 110 киловати (150 коњски сили) и дизелските 2,0 ТДИ ЕВО ДСГ со 110 киловати (150 коњски сили) и 142 киловати (193 коњски сили) во комбинација со погон на сите тркала 4х4, сега е проширен со возбудливото деби на плагин хибриден погон од 150 киловати (204 коњски сили) кој нуди повеќе од 100 километри чисто електричен опсег. Ова обезбедува динамично возачко искуство прилагодено на секоја потреба. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски ДСГ менувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ