Годинава Здружението на бармени на Македонија го претставуваше Теодора Николиќ, која победи на државното првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги помина квалификациите и заедно со уште 14 други бармени продолжи во полуфинале. Во полуфиналето Теодора успешно ги помина предизвиците кои ѝ беа зададени за да ги покаже своите вештини како бармен и заслужено се најде во финале.
Во финалето се пласираа тројца бармени кои што треба да направат оригинален коктел и да го претстават пред судиите. Според судиите Теодора го освои третото место. Ова е огромен успех за македонскиот бартендинг и угостителство и добар мотив за младите бармени да продолжат да ја работат оваа професија.