петок, 15 ноември 2024
Шефот на руската дипломатија пред самитот на ОБСЕ

Лавров вели дека доаѓа во Скопје, верува дека Бугарија ќе го отвори небото за неговиот авион

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, изјави Лавров на конференцијата „Примаковско читање“ во Москва, а пренесува Ројтерс.

„Веќе има неколку барања за средби – вклучително и од западни претставници, се разбира, ќе се сретнеме со сите. Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“, пренесува и РИА новости.

Како што пренесува руската агенција, на брифинг во ЕК портпаролот Петер Стано изјави дека во обезбедувањето можност владиниот авион на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да го премине воздушниот простор на земјите од ЕУ за да учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Северна Македонија нема да биде кршење на антируските санкции.

Инаку, МКД.мк во петокот објави дека е извесно доаѓањето на Лавров во Скопје и дека МНР ќе врши консултации со бугарските и грчки власти за отворање на небото за рускиот авион.

Доколку во Скопје дојде и до средба на Лавров со американскиот државен секретар Антони Блинкен, тоа може да биде и историска средба бидејќи секако ќе се разговара и за војната во Украина, веројатно и за судирот на Блискиот Исток, две војни кои го обременуваат светот во моментов.

Според најавите, ако Лавров дојде во Скопје, со него ќе биде голема делегација, а можно е да допатуваат и 80 новинари од Русија.

Небото над Македонија и соседните земји членки на НАТО е затворено за руски воздухоплови како дел од санкциите кон Русија вовфедени по агресијата врз Украина.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ во Скопје на 30 ноември и 1 декември ќе имаат состанок за прашањата на безбедноста и соработката, се очекува присуство на претставници од 57 членки на организацијата, повеќето се од земји од северната хемисфера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ