„Гледам различни изјави, видов и министерот Османи што кажа и јас се согласувам со министерот, бидејќи луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата, јас во човек што работи без плата не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во луѓе што се подготвени да работат без плата“, рече Ковачевски.
„Транспарентно го објавив мојот анктерен лист. Ако работната група одлучи некакво решение во делот на намалување или замрзнување, од моја страна ќе биде поддржана како член на владата“, рече Бектеши.
Ковачевски и денеска повтори дека работна група на министри и правни експерти работат на издржано правно решение за корекција на функционерските плати со цел таквата одлука повторно да не падне пред Уставниот суд.
Од март годинава функционерите земаат за 78 отсто зголемени плати, што навлече гнев на повеќе категории работници како и на пензионерите.